Студентите од ФЕИТ Балкански шампиони на натпреварите „Хардвер и софтвер“

Студентската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја потврди титулата Балкански шампиони со победата на деветтиот натпревар „Хардвер и софтвер“, кој се одржа во Нови Сад, во рамки на меѓународната конференција „Енергетска електроника“ и „Индустриска електроника“.
Со оваа победа, студентите од ФЕИТ, по третпат ја одбранија шампионската титула.
Овогодишната задача беше инспирирана од најновите напредоци во конструирањето автономни возила. Натпреварувачите располаа со минијатурно Buggy возило управувано од вграден микрокомпјутер што требаше да го програмираат да следи линија. Дополнително, преку соодветен сензор за боја, требаше да препознае боја на одредени обоени површини долж патеката, да исчисти податоци од бесконтактни читачи (RFID) и во реално време, преку безжична врска, да ги испрати податоците до централен компјутер, за кој студентите требаше да напишат програма за прикажување податоци.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
