Студено утро, во Битола измерени -18 степени
Со измерени минус 18 степени најстудено утрово беше во Битола. Под нулата се измерени и во Скопје-Петровец, Лазарополе, Тетово и Берово, -11 Прилеп, -10 Струмица, минус девет Демир Капија, минус осум Штип и Куманово, минус седум Скопје-Зајчев Рид, минус шест Крива Паланка, Охрид и Претор, минус три Гевгелија и нула во Дојран.
Во текот на денот се очекува максималната температура да се движи од минус еден до девет степени.
Снег најмногу има во Маврово 57 сантиметри, 37 Лазарополе, 32 Тополчани, 27 Битола, 26 Охрид, 19 Тетово, Претор, 12 Прилеп, осум Струмица, седум Берово, Крива Паланка, шест Демир Капија, пет Штип, четири во Виница.
И претпладнево во земјта е ведро и студено, наместа со појава на умерена облачност. Дува слаб западен ветер. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец .
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до четири степени.
Утре и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.
Ново на Сител
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци