-->
-->
Стружани елиминирани од квалификациите за ЛШ
-->

Вилнус „Жалгирис“ ќе ги продолжи борбите во изборот на УЕФА Лигата на шампионите - во вториот меч од првото коло, тимот од Вилнус го совлада тимот на „Струга“.
„Жалгирис“ победи на гости со резултат 2:1. Потсетуваме дека првиот натпревар во Вилнус заврши со резултат 0:0.
Жалгирис се пласираше во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите каде за противник ќе ги има фудбалерите на Истанбул Галатасарај.
Натпреварот започна фуриозно и двете екипи имаа свои прилики да го отворат резултатот но без успех па на пауза се замина со мирни мрежи.
Во вториот дел Струга имаше неколку обиди преку Ибраими и упорноста на домашните им се исплатеше кога беше досуден пенал во 73. минута кој Ибраими го реализира. И наместо да ја стабилизира одбраната нашиот првак дозволи гостите со серија кратки додавања набрзина да дојдат до шанса и да израмнат со голот на Кендиш.
Само неколку минути подоцна целосен пресврт кога гостите изведоа слична акција а играчот на Струга Радиќ си постигна автогол.
Штета што Струга испушти убава можност да ги одмери силите со турскиот гигант Галатасарај и наместо тоа ќе продолжи во конференциската лига каде следи двомеч со Будуќност Подгорица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
