Струшките пожарникари апелираат редовно да се чистат оџаците

Граѓаните редовно да ги чистат оџаците во индивидуалните домови и колективните згради за да не дојде до нивно палење и несакани последици, апелира Територијалната против пожарна единица од Струга.
Пожарникарот Бесим Кадриу препорачува оџаците да се чистат два пати годишно пред и по завршувањето на грејната сезона, а доколку дојде до нивно палење веднаш да се јават на 193 за навремено да реагираат.
- Во зимскиот период поради потребата за загревање на домовите опасноста од палење на оџаците е поголема. Апелирам граѓаните да ги чистат редовно оџаците за да не дојде до нивно палење и што побргу да го искористат бројот 193, да пријават пожар за навремено реагирање на пожарникарите да не дојде до несакани последици и акцијата да биде што поуспешна, вели Кадриу.
Тој посочи дека во овој период имаат чести интервенции на запалени оџаци, но статистички споредено со претходните години бројот опаѓал.
- Последните две години е намалена бројката на пожари поради подигањето на свеста кај граѓаните. Пожарот нанесува штета и свеста работи кај граѓаните, истакна Кадриу.
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
