Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава

Криминалистичката полиција при ОВР Струга при претрес во сместувачки објект во Струга затекнале четири странски државјанки, три од Бразил и една од Перу, со нелегален претстој во земјата. Кај нив пронајдена и одземена била марихуана, дробилка и други предмети.
СВР Охрид денеска соопшто дека 12 ноември во 7 часот и 50 минути во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишиле од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги привела Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу.
- При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Констатирано е дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци, стои во информацијата.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, како што е наведено, ќе поднесе соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
