Струмичките земјоделци задоволни од откупните цени на раноградинарските производи
- Градинарите од струмичкиот регион се задоволни од откупните цени на доматите и краставиците. Според претставници на земјоделците има голема побарувачка за раноградинарските производи на почетотокот на производствената сезона.
- Краставиците се откупуваат до 40 денари за килограм, пролетната зелка од 15 до 18 денари, доматите од 65 до 70 денари, а пиперките до 70 денари за килограм. Во споредба со истиот период лани цените се многу повисоки и сметам дека овој производствен турнус ќе биде меѓу подобрите, информира Ванчо Митев од Земјоделското Здружение „Еко Градинар“ од село Добрејци.
Засега извозниците најголем интерес покажуваат за краставицата од Струмичко. За неа најголемо побарување има од соседна Бугарија, каде и најмногу се извезува.
Според претставниците на земјоделските здруженија во наредните денови се очекува и исплата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Тоа, според нив, е во вистинско време, кога овие средства им се потребни за инвестирање во прозводството.
Ново на Сител
-

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната
-

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта
-

Пад на индустриското производство во јануари
-

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток
-

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Карпош
-

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
