Струмичките земјоделци задоволни од откупната цена на пролетната зелка
Производителите на пролетна зелка од Струмичко се надеваат дека годинава пласманот ќе биде подобар од лани и дека нема да има проблеми со откупот.
Оптимизмот, како што велат, го темелат на почетните откупни цени кои достигнуваат 35 денари за килограм.
- За нас откупната цена на почетокот на бербата на пролетната зелка е сосема задоволувачка. Ако до крајот на производствениот турнус падне под 20 денари, тогаш ќе можеме да кажеме дека имавме добар пласман, вели Ванчо Митев од село Добрејци, член на здружението „Еко градинар“.
И претседателот на Сојузот на синдикати на земјоделци Ристо Велков потврдува дека на почетокот на откупот градинарите треба да бидат задоволни.
- Добро е што засега пролетната зелка не се откупува под 30 денари за килограм. Важно е и земјоделците и откупувачите да инсистираат на продажба и откуп на квалитетно производство, изјави Велков.
Трговците велат дека просечната откупна цена на пролетната зелка ќе зависи од понудата и побарувачката и во соседните земји, но пред се од понудата на нашите градинари.
- Сметам дека на почеток откупната цена од 30-35 денари за килограм е реална. Очекуваме квалитетно производство и се надевам дека за струмичката пролетна зелка ќе има интерес кај купувачите, вели откупувачот Благој Витанов.
Во Струмичкиот регион се засадени околу 1.000 хектари под оваа култура и се очекува принос од над 40 илјади тони.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни
-
Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж
-
Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација