Македонија
19. April 2024 - 12:22

Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење

Со премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски струмичкиот театар Антон Панов вечерва ќе ја одбележи 75 годишнината од неговото постоење. Режисерот  на претставата Љупчо Георгивески вели дека изборот на текстот не е случаен, го одбрал  оти смета дека е многу актуелен за состојбата во која се наоѓаме.

Покрај премиерата на Црна дупка во која играат 12 актери, по повод 75 годишнината на струмичкиот театар ќе биде отворена и изложба на фотографии од Сречко Гунчев, направени за време на неговиот професионален ангажман како фотограф во театарот.

Театарот во Струмица официјално започнал со работа на 1 мај 1949 година. Првата претстава што била поставена на сцената била Бегалка од Васил Иљоски.