Македонија
11. July 2015 - 17:15

Струмичани и понатаму бараат оставка од Зоран Заев поради неисполнување на обврските како градоначалник

Наместо убавините на  манастирите во Вељуса и Водоча гостите кои секојдневно доаѓаат прво ги гледаат дивите депонии  полни со разновиден смет кој е насекаде околу нив.

За ваквата состојба денеска реагираат граѓани од Вељуса и Водоча, двете населени места во кои се наоѓаат и два од најубавите и најзначјните македонски манастири.

Граѓаните велат проблемите  секојдневно се трупат , а  градоначалникот на Струмица и општинската администрација не си ја гледаат работата.  Нивната прес конференција ја одржаа кај една од дивите депонии  на патот кој ги поврзува двете села бидејќи сакале да покажат како Зоран Заев свесно го толерирал  нивното појавување и тоа на места кои водат кон најпосетуваните туристички локалитети.

-Ова ли е начинот на кој Заев планира да ја прави Струмица атрактивна за домашните и странските туристи?  За да ги посетат манастирите во Водоча и Вељуса сите посетители прво мора да се запознаат со дивите депонии кои секојдневно се појавуваат. Заев оддамна крена раце од Струмица, а општината тоне во проблеми кои во моментот никој не е спосеобен да ги реши. Оваа ситуација од поодамна е неиздржлива, а единствен начин да се реши е распишување на предвремени локални избори, рече Митко Митев – жител на Вељуса

Исто како и во претходните денови кога повеќе групи граѓани се пожалија од работењето на градоначалникот на Струмица и порачаа Зоран Заев да си замине и граѓаните на Вељуса и Водоча побараа од него да си поднесе оставка и да остави проблемите на граѓаните да ги решаваат луѓе на кои Струмица им била поважна од теснопартиските интереси.