Струмичани до среда ќе ги добијат оштетите од поплавите
Граѓаните од општина Струмица кои претрпеа штети од поплавите до средината на идната недела ќе бидат обештетени. Ветувањето за исплата на штетите кое премиерот Никола Груевски го даде за време на последната посета на струмичко ќе биде реализирано. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информираше дека налозите веќе биле подготвени и ќе бидат исплатени заклучно со среда.
,, Како што најави премиерот минатиот пат кога ја посети општина Струмица ќе го исполниме тоа што беше кажано, односно до среда следната недела, значи до 15 септември ќе бидат исплатени налозите што се однесуваат на штетите од поплавите во општина Струмица. Се работи за преку 400 налози, значи за преку 400 семејства. Износот на средстава е околу 33 милиони денари. Агенцијата и комисиите ја привршуваат работата, денес и во понеделник ќе ги достават налозите и отпочнуваме со нивната исплата.,, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески
Ставрески информираше дека истовремено ќе продолжи исплатата и во другите општини од државата потенцирајќи дека граѓаните кои сеуште не добиле средства треба да очекуваат и на нив да им бидат исплатени исто како што тоа беше претходно направено во сите други региони.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
