Македонија
10. September 2015 - 19:24

Струмичани бараат оставка на градоначалникот Заев

Струмица како општина тоне во агонија од многуте нерешени проблеми кои Заев не успеа да ги реши, а ги вети на граѓаните, реагираа  советниците на ВМРО ДПМНЕ.

Според нив  оддамна било јасно дека единствениот излез за Струмица и струмичани од светот на безуспешни манипулации било оставка на градоначалникот и предвремени локални избори во Струмица.

Советниците денеска реагираа  и на вчерашните обвинувања од страна на општина Струмица дека владата го  намалила износот од блок дотациите за згрижување и воспитување на деца од општина Струмица со што децата од струмичката општина   биле скратени за околу еден и пол милион денари.

,, Во замена на редовно отсутниот градоначалник секретарот на општината Кирил Парталов неуспешно се обиде да ја обвини владата дека ги намали блок дотациите за социјална и детска заштита во Струмица.  Вистината е следната, градинката во општина Ново Село која порано беше под надлежност на општина Струмица оваа година припадна под надлежност на општина Ново Село па заради тоа средствата од дотација кои доаѓаа во општина Струмица чии поранешен клон претставуваше градинката во Ново Село сега се пренаменети за општина Ново Село. Вредноста на оваа пренамена е 1 милион и 415. 000 денари. Овие бројки се доказ дека владата ги нема намалено дотациите туку два пати ги има зголемено.,, рече д-р Кирил Николов – советник од ВМРО ДПМНЕ

Според советниците од ВМРО ДПМЕ градоначалникот Заев и неговите соработници се обидувале својата неспособност за реализација на ветувањата дадени пред граѓаните да ја покријат со нови невистини и конструкции. Токму затоа тие бараат оставка од градоначалникот Заев бидејќи само на тој начин  Струмица ќе добила градоначалник кој чесно ќе работи во интерес на сите граѓани.