Струмичанецот што проба со шприц да и вбризга отров во уста на сопругата осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“.
Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.
Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.
Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави.
Според јавниот обвинител постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница.
Од тие причини, како што се наведува, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
