-->
-->
Струмичанец ги пријавил соседите во полиција бидејќи му ја краделе марихуаната
-->

Струмичанец пријавил двајца соселани во полиција оти му ја краделе марихуаната. По пријава на случајот струмичката полиција по претходно добиена наредба од истражен судија, извршила претрес во домот на М.Б. (54) од село Добрејци, Струмичко, при што биле пронајдени една враќа од брашно наполената со растителна материја - канабис сатива со вкупна тежина од околу три килограми. Потоа, биле пронајдени и амбалажа од тутун наполнета со марихуана, остатоци од ова растение во дворот, во фиока од домот, како и три засадени корени во саксија од истото растение.
Струмичнецот М.Б. се решил да го пријави случајот во полицијата откако М.Б. почнал да се сомнева дека браќата А.С. (26) и М.С. (22), исто така, од селото Добрејци му краделе од марихуаната засадена од неговиот двор. Тој поради тоа се обидел да ги нападне и со секира. По целосно документирање на случајот полицијате против М.Б. ќе поднесена пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
