-->
-->
Струга подготвена за Водици 2019
-->
Струга е подготвена за големиот христијански празник Богојавление – Водици, што православната црква го празнува на 19 јануари.
Спуштањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим ќе биде во 11 часот од Чаршискиот мост, а ќе го изврши митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.
Претходно во црквата „Свети Ѓорѓи“ ќе се одржи утринска богослужба и литургија, а во 10 часот и 30 минути верниците ќе тргнат кон мостот.
Пријавувањето на капачите ќе биде утрото во 9 часот пред хотелот „Београд“.
Среќниот фаќач на светиот крст ќе биде даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата и спонзори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари

