Стручна комисија за смртта на новороденчето на ГАК е формирана, министерот замолува да се причекаат сите извештаи

Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија во Скопје е формирана и ќе се чека нејзиниот извештај, како и извештајот од обдукцијата за да се излезе со конечна информација.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција замоли да не се прави сензација од случајот и да се причекаат резултатите од сите релевантни институции.
-Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе зварши со процедурите, имаше и прес-конференција. Таму не се детектирани административни процедури кои не се имплементирани. Исто така Комисијата е фомрирана, мислам дека денеска се на терен, а не денеска во понеделник. Да ги причекаме резултатите и од обдукцијата за да ги сумираме сите резултати и ќе има информација, рече Алиу.
Прашан зошто Инспекторатот во својот извештај не ја зел предвид пријавата од началничката на одделот на ГАК која укажува на несовесно лекување на новороденчето, министерот рече дека бил на службено патување и не бил во можност да го види документот.
-Реално не бев тука. Документот ми е во канцеларија и не успеав да го прочитам. Во комуникација со директорот на ДЗСИ ми рече дека случајот од нивна гледна точка е чист така што тие ми се информациите. Ќе проверам што се има внатре анализирано и ќе ве известам, рече Алиу.
По објавата дека на ГАК е починато новороденче, беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ кој контатираше дека причина за смртта е масивен пнеумоторакс и едем на мозокот. Сепак, се чекаат наодите од обдукцијата кои точно треба да покажат која е причината за смртта на новороденчето.
МИА
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
