Строгите мерки за ограничување во Турција остануваат и за Рамазан
Турција ќе продолжи со делумните ограничувања за да го спречи натамошното ширење на коронавирусот, поради зголемениот број случаи на инфекции и смртност, најави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
-Продолжува полицискиот час од 21 до 5 часот наутро, рече Ердоган по состанокот на владата во претседателскиот комплекс, што траеше повеќе од три часа, пренесе агенцијата Анадолија.
Како дел од мерките, Ердоган кажа дека, исто така, ќе биде ограничено работењето на рестораните и кафулињата што ќе можат да работат со максимум 50 проценти од капацитетот.
-Градовите што се соочуваат со многу висок ризик од коронавирус ќе имаат полициски час за време на викендот, додаде турскиот претседател.
Тој посочи дека од вкупно 81 турски провинции, во 58 или 80 проценти од населението, е класифицирано како многу ризично на коронавирусот.
Категоризацијата на покраините со низок, среден, висок или многу висок ризик се базира на стапката на инфекција и вакцинацијата против коронавирус, што во земјата почна на 14 јануари.
-За време на месецот Рамазан, собирањата за сахур и ифтар, што се одржуваат пред и по постот, се забранети во земјата, кажа турскиот претседател.
Покрај тоа, рече Ердоган, во текот на светиот месец низ цела Турција ќе се воведат заклучувања за време на викендите.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“