Страшно невреме на Халкидики: Загинаа 6 лица, 20 во болница
Во силното невреме што вчера ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени во болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките медиуми објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во Неа Плагија, Созополи и Потидеа на Халкидики.
Според истите информации, 54-годишна Романка загинала кога врз неа се урнал кров од таверна, во Созополи во невремето бил превртен автомобил-приколка и животот го загубиле двајца туристи од Чешка, а во Потидеа дрво паднало врз 39-годишен Русин и неговиот двегодишен син.
За шестата жртва, која им подлегнала на повредите на пат кон болница, нема дополнителни информации.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор