-->
-->
Страшно: Бебе извлечено од канализација во болница, се трага по мајката
-->
Спасувачките служби се повикано откако вработените во болницата слушнале детски плач што доаѓал од канализациските цевки. Страотниот случај на обид за чедоморство се случил во округот Ксинпинг, на југот од Кина. На пожарникарите им требало три часа да дојдат до бебето и да го извлечат неповредено од канализациската цевка. Полицијата покрена истрага за да ја пронајде мајката која ја фрлила својата ќерка.
Пронајденото женско бебе било целото во крв и едвај дишело. Во болницата владеела опсадна состојба во текот на спасувањето зошто не смеела да се користи водата во тоалетот за да не пропадне бебето уште подолу во канализациската цевка.
Колку и да изгледа страотно, ова не е прв ваков случај во Кина. Во септември 2014 година тукушто родено девојче е пронајдено во канализациска цевка на еден факултет во градот Линџија.
Напуштањето на бебиња во Кина не е реткост, а главно на јавни места се оставаат женски деца чии сиромашни родители не можат да ги издржуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста