Живот
30. March 2016 - 22:06

Страшна вселенска експлозија – Џиновски астероид удри во Јупитер!

Џиновски астероид удри во Јупитер на 17 март, најголемата планета во Сончевиот систем.
 
Сето тоа успеал да го снима аматерски астроном од Австралија. Прво експертите мислеле дека се работи за визуелна аномалија, но тврдењето на Австралиецот го потврди и второто видео снимано од Ирска.
 
Австралиецот имал микроскоп од 20 см, а на снимката се гледа блесок од десната страна на Јупитер, што можело да настане само со удар на некој голем вселенски објект во планетата.
 
Главните „осомничени“ се астероид и комета. Со експлозијата е ослободено огромно количество на енергија.