-->
-->
Страшна вест ја потресе фудбалска Битола- прерано згасна еден млад живот
-->
Страшна вест ја потресе фудбалска Битола. Прерано почина Воислав Стоиљковиќ поранешен голем талент и член на ФК Пелистер но и клупски секретар, објави Македонски спорт.
Фудбалската јавност во Битола е потресена. Вчеравечер стигна веста за смртта на Воислав Стоиљковиќ кој последниве месеци живееше со фамилијата во Германија.
Воислав Стоиљковиќ кој почина на 40 годишна возраст играше и за сениорите на ФК Пелистер и тоа во успешната сезона 2001-2002 кога тимот за првпат извори место на евро-сцената. Поради здравствени проблеми Стоиљковиќ прерано ја заврши фудбалската кариера а пред неколку години беше и клупски секретар во екипата, објави Македонски спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата