Страшна сообраќајка во Македонија: Загина жена, повредено дете
Трагедија ја потресе Македонија уште рано наутро. Синоќа во 20 часот и 45 минути жена загинала кај Мала Речица.
Според податоците, автомобил во кој биле маж, жена инивното десетгосдишно детенце, удрил во два коњи кои се движеле на автопат или во обид да преминат на другата страна, по што за жал жената од ударот им подлегнала на повредите.
Во сообраќајната несреќа и детето се здобило со полесни повреди.
Сообраќајот од неготинска клучка, до наплатната рампа во Гостивар беше во прекин, а сообраќајот се одвиваше по спореден пат.
За ппотсетување, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во неколку наврати преку соопштение апелираше за внимателност на овој дел од патот, како и до сопствениците на живината не контролирано да не ги пуштаат бидејќи по некое не пишано правило постојано се упатуваат кон автопатот.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот