Македонија
10. November 2016 - 14:15

Страшна несреќа во Куманово

Во 11 часот и 25 минути во полицијата во Куманово било пријавено дека на улицата „Бранко Богдански Гуцман“, во вулканизерска работилница, 52-годишниот вработен Љ.В. од Куманово, додека работел, се здобил со тешки телесни повреди. Љ.В. додека пумпал гума од влекач „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, која била поставена на машина, од непознати причини дошло до пукање на гумата при што Љ.В. паднал на земја и се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Куманово, каде е задржан на посматрање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово во содејство на државен инспектор за труд, безбедност и здравје при работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.