Страотна сообраќајка на патот Штип - Радовиш, четири лица завршија во болница

Вчера во 22.05 часот на магистралниот пат Штип –Радовиш дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од Струмица и патничко возило „Цитроен Берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (40) од с.Утово, битолско.
Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници во возилата: Ј.В. (22) од Струмица во возилото „БМВ“ и А.П. (44) од Република Грција во возилото „Цитроен“. Ј.И. и Ј.В. биле пренесени во Клинички центар Штип каде им била укажана лекарска помош.
Возачот Г.И. и сопатникот А.П. биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш кади им биле констатирани повредите и им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
Во периодот од 22.10 часот на 15.03.2018 до 01.25 часот на 16.03.2018 година сообраќајот бил во прекин во двата правци на магистралнио пат Штип-Радовиш.
Ново на Сител
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
-

Мицкоски: Бугарија бара редефинирање на македонскиот идентитет, да се обединиме со опозицијата против тоа
-

Внатрешна контрола при МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
-

Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот, најави премиерот
-

Белата куќа: И воена силa е опција за завземање на Гренланд
