Страотна глетка: Местото каде е пронајдено телото на Јелена

Безживотното тело на пејачката Јелена Крсмановиќ, која вчера попладне исчезна додека трчала по насипот, пронајдено е денеска попладне во каналот Црвенка, недалеку од местото од каде и се губи секаква трага.
Во потрагата по неа беа вклучени многу припадници на белградската полиција. Потрагата е продолжена во текот на целата ноќ, а првата трага за исчезнатата Јелена бил нејзиниот мобилен теелфон, кој е пронајден меѓу 3 и 4 часот недалеку од местото на исчезнувањето.
Во текот на денот истражителтие пронајдоа нови докази: шнола за коса која и припаѓала на убиената Јелена, тренерка, а воочени се и траги од крв.
Истражителите пребарувајќи ги грмушките под насипот од каналот Црвенка го забележале нејзиното тело околу 13 часот. Патиките кои се пронајдени се виолетова боја, а едната била во нивата на неколку метри од телото. Лекарите од Итната помош ја потврдија смртта на Јелена Крсмановиќ.
Полициската истрага за ова злосторство и натаму е во тек. Припадниците на белградската полиција околу 14.30 часот разговараа со мајката на убиената Јелена. Целото семејство ќе биде однесено на испрашување во полиција.
Да потсетиме, пејачката Јелена исчезна вчера околу 15 часот кај дивата населба Црвенка. Претходно 32-годишната пејачка била со сопругот и ќеркичката по што заминала да трча и не се вратила. Целото семејство и пријателите околу 16 часот тргнале во потрага по неа, а полицијата ангажираше дополнителни сили во потрагата по неа.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата



