Страотен судар кај Скопјанка, моторџија удри велосипедист

Синоќа кај ТЦ Центар Скопјанка во скопската населба Аеродром се случи страотна сообраќајна несреќа во која моторџија удри велосипедист на пешачки премин, објави порталот Кирилица.мк.








Велосипедистот го поминувал пешачкиот премин, а два автомобили застанале и го чекале да помине. Додека ја поминувал третата лента, во него со голема брзина удрил моторот, и го отфрлил неколку метри. Од падот и двајцата учесници во несреќата останале да лежат неколку минути на асфалтот, додека не пристигнало возило на Итната медицинска помош.
Минувачите кои во тој момент се затекнале во близина на несреќата велат дека глетката била ужасна. Едниот од повредените лежел неподвижно, а другиот силно се тресел. Лекарите им пружиле итна помош и ги одвеле во ургентен центар, со повреди кои најверојатно се животнозагрозувачки.ж
ФОТО: Кирилица.мк
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
