Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната

Стотици илјади луѓе денеска се собраа во Будимпешта за да ја одбележат 30-годишнината од Парадата на гордоста, и покрај забраната за настанот воведена од владата.
Меѓу насобраните има членови на Европскиот парламент, меѓународни поддржувачи и многу таканаречени „први прајдери“.
По забраната, Парадата на гордоста во Будимпешта доби ново значење, станувајќи моќен симбол на отпор против тековните владини ограничувања на слободата на собирање и човековите права, јави Евроњуз.
Според медиумот, негови известувачи разговарале со неколку присутни кои изјавиле дека претходно биле рамнодушни – па дури и против – настаните на Парадата на гордоста, но годинава одлучиле да учествуваат за да се заложат за граѓанските слободи и да покажат солидарност со ЛГБТКју+ заедницата.
Шведската климатска активистка Грета Тунберг е во Будимпешта за да учествува на Парадата на гордоста. Во видео објавено на нејзиниот Инстаграм, таа го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека прави очајнички обид да го забрани настанот. Тунберг ја опиша Парадата на гордоста како протест и прослава на љубовта, нарекувајќи ја забраната „уште еден фашистички напад врз човековите права“.Повеќе од 30 амбасади ја поддржаа Парадата на гордоста, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти да дозволат одржување на настанот.
Полицијата ја забрани овогодишната парада, повикувајќи се на закон за заштита на децата донесен од парламентот во март, а кој овозможува Парадата на гордоста да биде забранета.
Критичарите тврдат дека законот е дел од пошироката владина репресија врз граѓанските слободи пред општите избори во 2026 година.
Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, се обиде да ја организира парадата како општински настан, за да избегне потреба од полициска дозвола.
Меѓутоа, властите го отфрлија тој обид и предупредија за можни последици.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека учесниците можат да очекуваат „правни последици“, додека министерот за правда Бенце Тузон претходно оваа недела предупреди дека организирањето забранет собир е кривично дело казниво со до една година затвор, а присуството се смета за прекршок.
Законот, исто така, дозволува употреба на камери за препознавање лица за идентификување на учесниците.
Коментирајќи ја можната казна, градоначалникот рече дека не ја сфаќа сериозно и дека тоа само ќе ја зголеми неговата популарност.
Седумдесет унгарски граѓански организации, вклучувајќи ја Унгарската унија за граѓански слободи, Транспаренси Интернешнл Унгарија и Унгарската хелсиншка комисија, вчера објавија заедничко писмо за поддршка на Парадата, тврдејќи дека законот што ја овозможува забраната „служи за заплашување на целото општество“.
Ново на Сител
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
