Стотици илјади Кубанци на концертот на „Ролинг стоунс“ во Хавана
Стотици илјади Кубанци присуствуваа на првиот концерт на британската рок група „Ролинг стоунс“ на Куба, каде рок музиката со години беше забранета.
Спортскиот комплекс „Сијудад депортива“ во кубанската престолнина, кој може да прими 450.000 гледачи, синоќа беше преполн, додека реки луѓе се прелеваа на улица, а многумина стоеја и на покиривите од зградите, па познатиот музички состав поздрави вкупно половина милион фанови.
- Знаеме дека претходно беше тешко да се слушне нашата музика на Куба, но еве не, сега сме тука. Мислам дека времињата се менуваат, зарем не, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер на шпански, обраќајки и се на публиката, што беше проследено со силен аплауз.
Луѓе од сите старосни групи скокаа во ритамот на музиката на легендарниот рок состав и ги пееја заедно со Џегер познатите хитови.
Концертот беше бесплатен.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево