Стоте најбогати Словенци заедно имаат 5,7 милијарди евра
Вкупната вредноста на имотите на стоте најбогати Словенци изнесува 5,7 милијарди евра, вредноста поголема за 10 отсто отколку минатата година, наведува списанието „Менаџер“.
Петти пат по ред, титулата – најбогати ја освоија сопружниците Иза и само Логин, чиј имот стекнат во хај-тек индустријата се проценува на 689 милиони евра. Како основачи и мнозински сопственици на компанијата за развој на мобилни апликации „Аутфит7“ (Outfit7) минатата година добија најголем удел од профитот од вкупно милијарда долари, сума за која беше продадена фирмата на азиски конзорциум. Тие се најпознати по глобално успешната апликација за деца „Talking Tom“.
Втор на листата најбогати во Словенија е основачот и мнозински сопственик на „Студио модерна“ Санди Чешко со 334 милиони евра, познат по душеците Дормео и други производи кои се пласираат со теле-продажба, а на трето е марко Пистотник, уште еден од поранешните сопственици на Аутфит 7, чиј имот се проценува на 210 милиони евра.
Во вкупната вредност на имотите на стоте најбогати Словенци, четвртина од средствата отпаѓаат на средства кои ги добиле по продажбата на фирми каде биле сопственици или ко-сопственици.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај