Стопанска комора и МЖ бараат деблокада на Солунското пристаниште

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и генералниот директор на Македонски железници – Транспорт Никола Костов испратија ургентен допис до повеќе грчки институции, како и до евроамбасадорот во земјава Аиво Орав за нивно соодветно вклучување за итно разрешување на состојбата со блокадите во Солунското пристаниште.
Како што соопшти денеска извршниот директор на Комората, Јелисавета Георгиева, од штрајкот на пристанишните работници во Солун, но и на железничарите, штети трпи целото македонско стопанство.
- И во овој момент, додека трае оваа прес-конференција, голема е неизвесноста околу блокадите на Солунското пристаниште поради штрајкот. Нашите членки, вкупно 650, кои беа анкетирани, се децидни дека ваквата состојба предизвикува огромни штети врз целото стопанство, истакна Ѓеоргиева.
Засега штетите на МЖ Транспорт од блокадите на пругата Скопје – Солун, како и од нефункционирањето на Солунското пристаниште се проценуваат на околу три милиони евра.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
