-->
-->
Стојановски: Големата борбеност беше клуч за победата над Холандија
-->

Капитенот Војдан Стојановски беше вистински лидер на кошаркарската репрезентација на Македонија големата победа над Холандија со 78-72 по продолжение на натпревраот од „Трофеј Македонија“.
Стојановски кој средбата ја заврши со 23 поени, потенцираше дека големата борбеност во одбраната и пожртвуваноста за секоја топка особено во вториор дел беше клуч за втортата побета на црвено-жолтите на „Трофеј Македонија“.
„За разлика од првиот дел во вториот многу се боревме. Беше тешко да се вратиме од негатива од 15 поени. Добро се држевме во одбраната. Бевме цврсти и фокусирани, добро покривавме и се боревме до крајот. Во нападот не одеше најдобро, но тоа не ме загружува бидејќи во тимот имаме доста напаѓачи, па не се грижам за реализацијата, кога ќе треба таа ќе проработи. Секако недостасуваше и свежината на Теодор, но Стајиќ и Костовски ја дадоа сета енергија, па мислам дека добро ја извршија задачата“, изјави Стојановски.
Селекторот Давидков по мечот со Холандија најави дека најави денешниот меч против БиХ кој решава која селекција ќе биде победник на „Трофеј Македонија“ ќе се обиде да ги одмори Стојановски и Александар Костовски кои на изминатите два дуели едноставно се исцрпија.
Денешниот дуел меѓу Македонија и БиХ ќе се игра во терминот од 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
