Стојанче Ангелов до Апасиев: Професоре, дај оладете малку, Мицкоски нема да ви дозволи да предводите фронт
„Овојпат професоре вниманието ми го привлече вашата последна објава на Фејсбук во која навидум се прашувате но повеќе тврдите “ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!“.
Професоре, верувам дека знаете но еве оставам можност и да не знаете, предметот на вашата дилема воопшто не е вистинит. Бидејки, ако читавте неселективно ќе ја прочитавте а можеби и пренесевте и синоќешната изјава на премиерот Заев во која тој јасно, без никаква дилема, порачува дека е Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет а Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Исто така сте можеле да ја прочитате и пренесете и неговата вчерашна изјава дека “македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори“, и дека “корењата, историјата на мојот народ и на мојот македонски јазик, се исто мое суверено право и право на самоопределување“.
И не само кристално јасните вчерашни изјави на Премиерот туку и изјавите на безмалку сите значајни државни, политички, научни, владини и невладини фактори, почнувајки од Претседателот на државата па надолу се единствени и бескомпромисни по прашањето на македонскиот идентитет и јазик.
Патем, зарем мислите дека лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, ќе остави вие да предводите било каков фронт?“, гласи дел од напишаното на лидерот на „Достоинство“ на Фејсбук.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен