-->
-->
Стојан Василев прв стигна до светиот крст во Гевгелија
-->

Осумнаесетгодишниот Стојан Василев од Гевгелија е најсреќниот меѓу петнаесетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар се пуштија по чесниот крст на денешниот богојавленски собор, на кој присуствуваа повеќе од илјада граѓани.
- Првпат учествувам и многу сум радосен што веднаш ми се посреќи да го фатам чесниот крст. Мојата радост и вербата во Бога со своите другари ќе ја пренесам во сите христијански домови во Гевгелија, рече Василев.
Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов му ја честиташе радоста на Стојан Василев на кого му подари лаптоп и му посака многу здравје и среќа во животот. Фармацевтската компанија „Зегин“ на гевгелискиот славодобитник му подари телевизор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
