-->
-->
Стоилов: Вардар мора да победува
-->
Лидерот на табелата во СЕХА лигата, македонскиот првак Вардар ја продолжува серијата натпревари ова натпреварување. Следен ривал на „црвено-црните“ е тимот на Татран Прешов, кој синоќа загуби од Металург.
Вардар во саботата ја продолжи серијата победи откако триумфираше на теренот на словенечкиот тим Цеље. Ова за нашиот претставник беше четврта победа во серија.
На денешната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов повика на максимално залагање и на овој дуел.
- Ние сме во добра форма, но на секој натпревар мора да играме максимално со 100%, ако сакаме да играме на „фајнл фор“ турнирот. Едноставно не смееме да си дозволиме кикс како во првото коло со Мешков Брест, кога одигравме нерешено, рече Стоилов.
За тоа со кој состав ќе настапи Вардар утре тренерот Раул Гонзалез изјави:
- Малку сме уморни. Ќе видиме кои играчи ќе можат да играат, но ние сме фаворити на овој дуел. Мислам дека сега нашата ситуација е добра особено што сме на првото место. Ако сакаме да играме на Ф4 мора да победуваме.
Натпреварот Вардар – Татран Прешов се игра утре со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори