Ракомет
15. January 2016 - 22:54

Стоилов: Пропуштивме голема шанса против Франција

 
 По стартниот пораз на Европското првенство во Полска, од актуелниот шампион Франција, репрезентативниот пивот на на Македонија, Стојанче Стоилов, е разочаран од пропуштената шанса. 
 
„Се исплашивме од победата, тоа е моето мислење за овој натпревар. Не би можел да кажам зошто, бидејќи покажавме дека можеме да играме со Франција: Направивме премногу грешки во овој меч, од кој многу лесно можевме да излеземе и како победници. Сметам дека покажавме дека можеме да играме со Французите, дека тие не се толку страшни колку што наликуваат, но токму затоа сега разочарувањето е големо, бидејќи знам дека е пропуштена голема шанса“ – изјави Стоилов веднаш по мечот.
 
Стоилов кој имаше тешка битка со цврстата француска одбрана, а натпреварот го заврши со еден постигнат гол.