Ракомет
2. јуни 2017 - 15:09

Стоилов: Можам да ветам борба

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов расположен како и секогаш ги презентираше очекувањата и зборуваше за утрешниот ривал.

- Ние сме дебитанти тука. Но ние сме подготвени и сите екипи се подготвени да победат. Барселона е еден од најдобрите клубови, но се игра еден натпревар и најважно е да имаме желба и мотив. Тие се поискусни, но имаме и некои играчи кои веќе имаат играно на Ф4 во Келн. Можам да ветам борба.