Стоилковски:Владата не се гледа ни физички, а ни по дела, смогот го голта Скопје, а власта не прави ништо
Владата не се гледа ни физички, а ни по дела, смогот го голта Скопје, а власта не прави ништо.
Нивото на канцерогените ПМ10 честички во раните утрински часови во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Кавадарци и Куманово е и до 15 пати над дозволеното.
Болниците се полнат, сообраќајки се случуваат заради намалената видливост, а Заев и Шилегов со прст не мрдаат.
Загаденоста е директна последица на Зоран Заев, кој и овозможи на бизнис олигархијата блиска до врвот на СДСМ да гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил кои никаде во Европа не се горат и се носат тука во Македонија.
Граѓаните се трујат. Труе власта.
Состојбата е алармантна и потребни се итни мерки.
Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:
1. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух во Скопје не се нормализира;
2. Инспекциски надзор и затворање на погоните кои што загадуваат;
3. Ослободување од работа на луѓе над 60 годишна возраст, хронично болни и трудници.
Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов треба да ги прифатат и да стапат на сила уште веднаш. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до овдека. Потребно е итно делување.
Ново на Сител
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата