Стоилковски: Заев удри врз народот, растури карневал заради исмевање на неговите политики

Нервозата на власта на Заев е очигледна. Вчера со полиција, насилно и брутално се растеруваа учесници на Вевчанскиот карневал, традиција долга илјадници години.
Почитувани,
Очигледно дека однародената власт на Заев не можеше да поднесе како преку хумор и маски се критикува нивната политика и анационалното владеење.
Вчера Заев вчера удри по својот народ. Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите кои што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири.
Окупаторските власти биле Македонија, па ова не го правеле.
Дека и гори на власта под нозе, и гори, ама ваква бруталност не може да ги покрие сите срамни политики и криминали на Заев и камарилата покрај него. Народот гледа како се подготвува насилен попис надвор од сите европски стандарди, народот гледа какви концесии се подготвуваат да исплати Заев кон Бугарија, народот гледа како се тргува со историјата и идентитетот и срамното прекинување на Вевчанскиот карневал нема да го покрие тоа. Напротив ова уште една капка во преполнетата чаша.
Заев за бруталноста во Вевчани ќе сноси одговорност затоа што го прави тоа кое што ниту една турска, бугарска, српска или комунистичка власт не го направила во Вевчани.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
-

Трагичен крај: По три недели почина 13-годишникот избоден во срце со нож во Бутел
-

Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ
-

Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година
-

70 случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени
-

Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар | ВИДЕО
-

Руски балистички ракети врз Киев, две лица загинати, три повредени
-

Малолетник под 14 години го запалил македонското знаме и го објавил видеото на ТикТок
