Стоилковски се извини за постот за министерката Ангеловска, доколку со метафората навредил нечии чувства
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по реакциите дека неговиот пост во врска со министерката за финансии Нина Ангеловска бил сексистички денеска на Фејсбук упати извинување доколку со тој пост навредил нечии чувства.
-Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства. Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумит, вели Стоилковски во извинувањето.
Ново на Сител
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност

