Стоилковски: Русковска и Јовевски да се охрабрат и да ги повикаат Заеви на распит
![]()
Помина речиси цела недела, а Зоран Заев и Вице Заев молчат и не кажуваат што разговарале со обвинетата Катица Јанева и со веќе осудениот Милески-Кичевскиот.
Цела недела, Заеви бегаат од најголемата тема во државата- инволвираноста во случајот РЕКЕТ.
Зоран Заев јавно ја потврди автентичноста на снимката во која признава дека го помагал со финансирање на Боки 13 и на телевизијата која што сам ја оцени како провладина.
Вчера Бојан Маричиќ, неговиот советник, јавно призна дека Заев го известил Боки 13 за тоа дека во Владата го пријавиле дека рекетира. Дури потоа за тоа дознава Вилма Русковска. Сега го охрабруваме Вице Заев да признае дека се гледал со Зоран Милески Кичеец.
Прашуваме уште еднаш, што разговарале Зоран Заев и Катица Јанева?
Што разговарале Вице Заев и Зоран Милески Кичеец во присуство на адвокат на фамилијата Заеви?
Што е договарано меѓу Вице Заев и Зоран Милески Кичеец?
Дали Вице Заев знае каде се наоѓа Луј Витон торбата полна со пари, онаа торба со која што Милески ја изнесува од домот на бизнисмен заедно со Боки 13?
Очигледно е дека Вице Заев има многу што да каже во Судница и на јавноста.
Видливи се пипците на семејството во овој најголем криминален скандал во државава.
Повторно ги охрабруваме обвинителството и Судот, ги повикуваме Русковска и Јовевски да се престрашат и да ги повикаат браќата Заеви на распит.
Почитувани Заев е виновен за сите измами, порази и криминали, Правдата ќе дојде по 12 април и сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
