Стоилковски: Партиски вработувања на СДСМ и ДУИ во АЕК и МНР
-Антимакедонската СДС ја девастираше Македонија и наместо за енергетиката и за финансиите се грижи единстено за ухлебување на партиските миленици и функционери. Антимакедонската СДС нема вистински одговор за вработувањата ниту на Бесмира Ејупи во МНР, ниту на битолската наставничка во АЕК, Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ и заменичка на екс-градоначалничката на Битола, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковки.
Оттука барам директен одговор: Дали 56 годишна наставничка од средно медицинско училиште во Битола е најсоодветниот кадар за место соработник за информатички технологии во АЕК? Дали предноста на примената пред пријавениот информатичар на конкурсот во АЕК е само фактот што таа е партиски функционер на антимакедонската СДС?
Антимакедонската СДС мора да одговори дали работното место во АЕК со плата од 55.000 денари било претходно поделено да припадне за партиски кадар на антимакедонската СДС во замена за вработувањето од ДУИ во МНР? Во исто време, неопходен е директен одговор, дали Бесмира Ејупи ќе биде испратена наскоро во некоја дипломатска мисија? Дали сето ова е последица на ухлебувањето на буџетски пари со полнење и партизирање на администрацијата?
Македонија нема струја, нема ниту гас, ниту јаглен и ниту мазут. Македонија зимово пред нас може да замрзне, да гладува и повторно да нема училишта. Ама затоа антимакедонската СДС ја распродава националната посебност на Македонскиот народ, за да може да краде и да тргува со вработувања за ухлебување на партиски миленици и функционери во администрацијата. Ова е неиздржливо, ова мора да има крај. Неопходни се итни тројни избори- парламентарни, претседателски и Референдум!, рече Стоилковски.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен