Стоилковски: Ангелов купува телефони и мебел, а нема пари за соодветна ПП заштита
Според дел од документите кои што ги поседуваме, со потпис на Стојанче Ангелов само годинава се потрошени 200.000 евра со измени на планот за јавни набавки на ЦУК за мебел, телефони и луксузи.
Стојанче Ангелов додал над 1.000.000 денари за мобилен телефон, со измена на годишниот план за јавни набавки на ЦУК. Според овој пак документ од 7-ми април годинава Стојанче Ангелов потпишал 2.700.000 денари за канцелариски мебел и компјутери. Над еден милион за купување на канцелариски мебел и еден милион и 700.000 за информатичка опрема.
Почитувани,
Сервисирањето на канадерите, единствените средства за навремено справување со огнена стихија во шума, во планина, каква што ја зафати Македонија чинело 400.000 евра. Ама тоа било скапо. За телефоните и фотелјите на Стојанче не е скапо, за канадерите е скапо.
Почитувани,
Зоран Заев го награди Стојанче Ангелов заради тоа што цела Македонија е доведена во опасност. Стојанче е награден затоа што Македонија е изложена на потсмев во светот, заради несервисирани канадери, ПП возила од пред цел век, заради почеток на акција цели три дена по информациите дека има шумски пожар! Ангелов купува телефони и мебел, а се нема пари за соодветна ПП заштита.
Но Стојанче смета дека не е одговорен и не било негова надлежност, а Зоран Заев го унапредува! По се изгледа, работата на Стојанче Ангелов е да зема плата од буџетот за да се фотографира, да го фали Заев, и да се луксузира во канцеларии со нов мебел и опрема додека Македонија се пеплосува.
Почитувани,
Зоран Заев за директор на ЦУК избра нестабилен, несериозен и човек без елементарни познавања за функцијата на која што е поставен. Едноставно, Стојанче Ангелов нема чувство за одговорност! И со изборот на Заев на Стојанче Ангелов граѓаните во Македонија се доведени во опасност. И се што се случувало до сега и што ќе се случува понатаму, не е одговорност само на Стојанче Ангелов, туку и директно на Зоран Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд