-->
-->
Сто илјади навивачи на улиците на Тирана
-->

Жешко станува во Тирана каде утревечер во 21ч ќе се одигра првото финале од конференциската лига во кое за историскиот трофеј ќе се борат екипите на Рома и Феенорд. Медиумите јавуваат дека повеќе од 100 илјади навивачи на двете екипи се веќе во главниот град на Тирана.
Стадионот Ер Албанија сигурно ќе биде претесен да ги прими сите фанови на двата клуба меѓу кои има голем број и од озогласените навивачи.
Албанската полиција очекува нереди и тепачки и затоа се распоредени повеќе од 10 илјади припадници на полициските сили.
Иако ова е трето по ранг европско натпреварување очигледно е дека желбата за освојување на пехарот на УЕФА е голема.
Тоа го потврди и првиот стратег на Рома, Жозе Мурињо
Кој изјави дека големите клубови мора сериозно да го сфатат новото европско натпреварување – Лигата на конференции.
И додека Рома има само еден европски трофеј во Купот на саемските градови, Феенерод е многу поуспешен и има титула од Лигата на европските прваци и двапати го освои купот на УЕФА како и интерконтиненталниот куп во 1970-тата година.
Постот за двата клуба е голем и затоа со големи амбиции го очекуваат ова финале кое ќе се одигра утревечер во 21ч во Тирана.
Во чест на овој настан албанската влада го прогласи 25-ти мај за државен празник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
