Стивнува грипот во Куманово

Стивнува грипот во Куманово, покажуваат податоците на лекарите од општата болница-Куманово. Според последните информации на Институтот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 30-тина случаи на лица од грип и заболувања слични на грип. Според податоците од Ургентниот центар, бројот на прегледи за време на дежурствата во последните денови е значително намален.
- Изминатиот месец имавме и до 150 прегледи за време на дежурствата, додека сега таа бројка е намалена на околу 50. Во моментот се забележува намалување на бројот на заболени, а и симптомите се со поблаг интензитет, изјави д-р Дарко Каранфиловски од Ургентниот центар при Општата болница Куманово.
Според него, иако сè уште има пациенти со грип, најчесто станува збор за полесни симптоми како болки во грлото, покачена температура и малаксаност. Сепак, регистрирани се и потешки случаи кај кои инфекцијата преминува во сериозни респираторни компликации.
- Кај поголемиот дел од пациентите симптомите полека се повлекуваат, но и понатаму има случаи со тешки респираторни инфекции. Во моментов состојбата е многу постабилна, а најчестите интервенции се поврзани со секојдневни здравствени проблеми, болки во стомак, главоболки и покачен крвен притисок, додава Каранфиловски.
Лекарите појаснуваат дека на почетокот на болеста се применува симптоматска терапија, додека пациентите кај кои состојбата се влошува се пренасочуваат кон соодветните болнички оддели.
Како превентивна мерка, Каранфиловски препорачува внес на доволно течности, топли напитоци, витамини и минерали, редовни оброци и одмор, со цел полесно и побрзо закрепнување. Здравствените работници апелираат граѓаните и понатаму да бидат внимателни, особено хронично болните.
МИА
Ново на Сител
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
-

Крмзов и обвинетите не се чувствуваат виновни, одбраната тврди: Обвинението е неосновано, нема штета врз буџетот
-

Реконструирани шест од предвидените десет хируршки сали на Клинички
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
