Стејт департмент: САД со нетрпение очекува да соработува со новата германска влада
САД соопштија дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со претстојната германска влада откако коалицијата на левиот центар постигна договор.
– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата германска влада на нашите цели за ревитализација на трансатлантското партнерство, зголемување на соработката со нашите сојузници во НАТО и подигнување на нивото на амбиција на нашите односи со ЕУ, изјави синоќа портпаролот на американскиот Стејт департмент.
– Сигурни сме во очекувањата дека односите меѓу САД и Германија ќе продолжат да бидат неверојатно блиски и ефективни, додаде портпаролот на Стејт департментот, пренесува ДПА.
Олаф Шолц од Социјалдемократите (СПД), кој се очекува да стане следниот канцелар на Германија, вчера го претстави коалицискиот договор меѓу неговата партија и партнерите од Зелените и Слободните демократи (ФДП).
Се очекува Шолц да биде избран за канцелар од страна на Парламентот некаде околу 8 декември.
Според делот од коалицискиот договор за билатерални и регионални односи, партнерството со Вашингтон се опишува како клучен столб.
„Транслатлантското партнерство и пријателството со САД се централен столб на нашата меѓународна активност. Ние се залагаме за обновување и ревитализација на нашите транслатлантски односи со САД и Канада, кои планираме да ги развиваме на европски начин“, беше посочено во програмата околу која се согласија трите коалициски партнери.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп