Свет
3. February 2017 - 12:06

Стејт департмент: Новите закони го поткопуваат владеењето на правото во Романија

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер изјави дека законите прифатени вчера од Владата на романскиот премиер Сорин Гриндјану, ја загрозуваат борбата против корупцијата.

Тој натаму нагласи и дека САД се длабоко загрижени по прашањето околу ситуацијата во Романија.

- Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени во врска со неодамнешните мерки на Владата на Романија кои го поткопуваат владеењето на правото и ја ослабнуваат одговорноста во финансиски и корупциски случаи, нагласи Тонер.