Стефановиќ: Соработуваме со обезбедувањето на Путин и со американските „Фоки"

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека постои соработка за обучување на припадниците на МВР на Србија со службите и единиците и на исток и на запад.
Стефановиќ изјави дека Министерството за внатрешни работи, кога станува збор за обука, соработува и со Федералната служба за безбедност на Русија, но и со американските морнарички „Фоки", како и специјалните сили на САД познати како „Зелени беретки" .
- Имаме добра соработка со Федералната служба на безбедноста на Руската Федерација која го обезбедува Кремљ и сите претставници на Русија, чии припадници ни помогнаа преку обука на возачи на блиндирани возила и луѓе кои се занимаваат со заштитени личности, преку нови тактики. И навистина многу ни помогна да ја подобриме нашата работа , вели Стефановиќ
Тој рече дека имале посета на американските морнарички „Фоки“, кои со српските специјални единици работеле на нови тактики за кризни ситуации, кога се упаѓа во објекти.
- Ни беа и Зелените беретки и на луѓе кои ни помогнаа да проучиме како тие ги решаваат ситуациите за што сме им многу благодарни. Ние од нив земаме знаење, а можат да дојдат од сите делови на светот, рече Стефановиќ.
Ново на Сител
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
