-->
-->
Стефан Ѓорѓиев го фати светиот крст во Кавадарци
-->

Седумнаесетгодишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци го фати светиот крст фрлен во водите на реката Луда Мара, по повод денешниот празник Богојавление-Водици.
- Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече Ѓорѓиев во изјава за медиумите.
Од името на Локалната самоуправа, денешниот празник на сите граѓани им го честита секретарот на општината, Кире Делов.
- Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе, нагласи Делов.
Во студените води на реката по крстот скокнаа девет лица. Најсреќниот доби телевизор од локалната самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
