Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
Изјавата на мандатарот Христијан Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со договорот одц Преспа, изјавија за Гласот на Америна на македонски од прес службата на Стејт Департментот. На прашањето дали Мицкоски со употреба на две имиња за државата, дома Македонија а надвор Северна Македонија се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до договоро од Преспа.
Мицкоски по поднесувањето на предлог составот на владата и нејзината програма рече дека заклетвата за премиер ќе ја даде со уставното име, како и дека уставното име ќе го користи во странство, но не и во своите вербални изјави во државата. Изјавата на мандстарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со договорот од Преспа, велат од Стејт департментот. САД ја повторија важноста да се почитува Преспанскиот договор и рекоа дека ќе работат со сите страни за да се одржат неговите придобивки. Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во Јужна и Иточна Европа. САД го подржуваат овој витален договор и ја повторуваат важноста од почитување на истиот и е работат со сите страни за гаљ ги одржат неговите придобивки, велат за Гласот за Америка од Стејт Департментот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори