Живот
22. February 2017 - 16:17

Ставила шминка на лице, по неколку минути почнала да ја чеша кожата а кога се разбудила била речиси слепа!

Тила Дури е шеснаесет годишна девојка која своето кобно искуство со нанесување на шминка од марката "1000 часа", одлучила да го сподели со јавноста.
 
Само неколку минути откако ја нанела шминката на лицето, кожата почнала силно да ја чеша. Веднаш потоа лицето и очите почнале да и отекуваат, па добила сериозни изгореници, пренесува Метро.
Се разбудив речиси слепа поради алергиската реакција, моите очи отекоа како балони, почнав да плачам и да врескам. Се чуствував како некој да ми фрлил прашок во очите  и никако неможев да го извадам -  кажала таа.
 
Откако била хоспитализирана, лекарите и дијагностицирале алергиски реакции на состојките во шминката која ја користела. Тие изјавила дека може да биде среќна бидејќи не го изгубила видот.