-->
-->
Сташ Скубе е ново име во ракометниот погон на Вардар
-->
Словенецот Сташ Скубе е ново име во ракометниот погон на Вардар. Средниот бек со црвено-црните договорил три годишна соработка.
Скубе доаѓа во Скопје како актуелен првак на Унгарија. Тој беше еден од клучните играчи на ПИК Сегед во освојувањето на шампионската титула во Унгарија.
„Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дека од голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекај сѐ да почне, изјавил за клупската интернет страница Скубе.
Во кариерата овој 176-сантиметри висок ракометар играл и за Горење од Велење. Со репрезентацијата на Словенија го освоил бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи